
Бизнисменот Дејвид Хендерсон беше прогласен за виновен пред Кралскиот суд во Кардиф за смртта на аргентинскиот фудбалер Емилијано Сале во авионска несреќа. Хендерсон организираше трагичен лет и беше прогласен за виновен за „непочитување на безбедносните протоколи.“
Несреќата се случила на 21 јануари 2019 година, а телото на Аргентинецот било пронајдено само еден месец по несреќата. Телото на пилотот, пак, се уште не е пронајдено.
Минатата недела патологот кој правеше обдукција објави дека Сала починал од неколку повреди на главата и градниот кош, а сега пристигнаа нови информации.
Од два примерока крв земени од телото на Сала, евидентно е дека тој пред да почине бил отруен со јаглерод моноксид. Обдукцијата покажала и дека Сала најверојатно бил во несвест пред да се урне авионот во морето, но повредите на главата и градниот кош биле фатални. Труењето со јаглерод моноксид најверојатно е предизвикано од дефект на издувниот систем на авионот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Јасмин Мециновиќ го засили Работнички

Евро-фудбал
Њукасл и Арсенал во трка за Нони Мадуеке

Евро-фудбал
Кепа Аризабалага потпиша за Арсенал
