
Претседателот на државата Стево Пендаровски вечерва им ја честиташе победата на македонските фудбалери кои го победија Исланд и изборија бараж за Светското првенство што ќе се одржи во Катар.
– Честитки момци за одличната игра! Цела нација вечерва ја бодреше македонската фудбалска репрезентација во тешкиот меч против Исланд. Продолжуваме напред да се бориме за пласман за светското првенство во Катар. Се гордееме со вас!, напиша Пендаровски на Фејсбук.
И премиерот Зоран Заев им честиташе на фудбалерите за големиот успех.
Признание за одличното издание и желби за успех во баражот дојдоа и од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Рафа Бенитез ќе биде нов тренер на Панатинаикос
