
Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, лично помогнал за евакуацијата на најголемиот број на странски фудбалери на Шахтјор Доњецк и на Динамо Киев од Украина. Ова го откри напаѓачот на Шахтјор, Жуниор Мораеш.
Група од 42 лица, меѓу кои и самите играчи и нивните семејства, од вчера е во Романија и се очекува денеска да пристигне во Букурешт.
Со помош на Европската фудбалска асоцијација, Мораеш и другите беа однесени од Киев до молдавската граница. Оттаму биле однесени и сместени во базата на молдавската репрезентација во Вадул Луи Вод во близина на Кишињев. Потоа на романската граница ги чекал автобус на романската репрезентација предводен од претседателот на федерацијата.

„Би сакал особено да му се заблагодарам на господинот Чеферин, кој организираше се при нашата последна можна евакуација од Киев. Од петок навечер до сабота ни се јавуваше и ни праќаше пораки, обидувајќи се да најде безбедни патишта за нашиот премин. Господине Чеферин, многу ви благодарам за тоа“, раскажува Мораеш.
Тој вели дека во Украина биле како во филм на ужасот.
„Никогаш не замислував дека ќе доживеам нешто слично на она што го видов во последните четири дена. Како да бевме во хорор филм бидејќи не очекував да живеам во време на војна. Најтешко беше да се остане во една просторија, понекогаш без светлина, обидувајќи се да ги смирите 70-те луѓе внатре. Луѓето ги фати паника, се плашеа, беа под голем стрес. Тоа беше најтешките моменти во мојот живот. Би сакал да им се заблагодарам и на фудбалските федерации на Молдавија, Романија и на Украина, кои исто така работеа заедно за да можеме да се вратиме дома“, раскажува Жуниор Мораеш.
Тој е Бразилец, но има и украинско државјанство. Пред неколку дена, претседателот Володимир Зеленски издаде декрет со кој им забранува на сите мажи со украински пасоши на возраст меѓу 18 и 60 години да ја напуштат земјата бидејќи се предмет на мобилизација.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Андре Онана е нов голман на Трабзонспор

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
