
Бразилецот во Манчестер Јунајтед, играчот за врска Фред, негодува поради одлуката на клубот да го назначи Ралф Рангник како привремено решение за клупата на англискиот премиерлигаш.
Рангник го презеде Јунајтед на крајот на ноември по заминувањето на Оле Гунар Солскјер, а за три месеци во „Театарот на соништата“ дојде до израз неговата врска со Кристијано Роналдо.
И покрај тоа што Јунајтед славеше против Брајтон и Лидс и се зацврсти на четвртото место во Премиер лигата, Фред вели дека назначувањето на Рангник внесе доза на неизвесност во тимот.
„Важно е да се постигнат добри резултати што е можно поскоро, но важно е и да се има долгорочен план. Мислам дека е малку лошо за нас да го немаме. Во моментов, сè е фокусирано на краткорочни цели. Ние не знаеме како ќе се одвиваат работите на крајот на сезоната“, изјави Фред.
Англиските медиуми го најавуваат доаѓањето на Маурисио Покетино во клубот на лето, но се зависи од резултатите на ПСЖ до крајот на сезоната.
Манчестер Јунајтед вечерва гостува кај Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите, а реваншот е три недели подоцна во Манчестер.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Јасмин Мециновиќ го засили Работнички

Евро-фудбал
Њукасл и Арсенал во трка за Нони Мадуеке

Евро-фудбал
Кепа Аризабалага потпиша за Арсенал
