
Манчестер Јунајтед ја оствари првата победа под раководство на новиот менаџер Ралф Рангник. Како и што најави, ќе се потруди одбраната и успеа во тоа со оглед дека „црвените ѓаволи“ по подолг период не примија гол и славеа со 1-0.
Стрелец на победничкиот гол беше Бразилецот Фред со фантастичен удар од дваесетина метри, на асистенција на Гринвуд. Јунајтед беше подобар тим и во првото полувреме не искористи неколку одлични можности, но, сепак, Фред во 77.минута го пронајде патот на топката до мрежата на гостите.
Тотенхем беше убедлив против Норич и победи со 3-0. Лукаш Моура го начна ривалот, а во второто полувреме погодија и Девинсон Санчез и Хјонг – Минг Сон.
Лидс Јунајтед во последен миг се спаси од пораз дома против Брентфорд и одигра 2-2. Спасителот беше Патрик Бамфорд со гол во 95.минута од дуелот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
