Повеќе од 50.000 навивачи ги пречекаа француските фудбалери на плоштадот Конкорд во Париз.
Претседателот на Фудбалската федерација на Франција, Ноел ла Грает, вчера изјави дека нема да има церемонијален пречек на фудбалерите, бидејќи сакаат веднаш по пристигнувањето во Париз да си одат дома и истакна дека никој не е расположен за шетање.
Сепак, дојде до промена на планот.
На плоштадот Конкорд владееше одлична атмосфера кога на балконот од хотелот „Кријон“ се појавија играчите и селекторот Дидие Дешамп.
Претставниците ја поздравија толпата веејќи француски знамиња.
Француската репрезентација два часа порано пристигна во Париз од Доха.
This support – Les Bleus’ 2022 World Cup group captured the hearts of a nation, despite falling short at the final hurdle. pic.twitter.com/B3PX3qYfww
— Get French Football News (@GFFN) December 19, 2022
Капитенот на Франција, Хуго Лорис, беше воодушевен од поддршката на навивачите и покрај поразот во финалето.
„Ова е можност да ги поздравиме навивачите и да им се заблагодариме за поддршката и покрај поразот во финалето. По болката што ја доживеавме вчера, дојдовме да бараме утеха од нив“, изјави Лорис за француската телевизија TF1 и додаде:
„И покрај околностите и многу работи што се случија пред и за време на турнирот, ние останавме обединети и ја покажавме силата на групата. Мислам дека Французите се препознаа преку овие вредности. Мораме да продолжиме да работиме и во најдобар амбиент да го чекаме следното Европско првенство“, заклучи Лорис.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија
Евро-фудбал
Казахстан освои бод со Белгија (ВИДЕО)
Прва лига
Шкендија со пресврт го победи Шкупи
Евро-фудбал
Челси ја сака младата ѕвезда на Реал Мадрид
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Евро-фудбал
Казахстан освои бод со Белгија (ВИДЕО)













