Дефанзивецот на Манчестер Сити, Ејмерик Лапорт, ќе игра за селекцијата на Шпанија на Европското првенство, открива „Марка“. Селекторот Луис Енрике сака да го вброи во составот на „црвената фурија“, веќе побарал од државата Шпанија да му издаде пасош, а федерацијата ги преземала сите потребни чекори да добие зелено светло од ФИФА.
26-годишниот фудбалер е роден во францускиот град Аген, но досега нема настапи за сениорската селекција на „триколорите“. Тој ги бранеше боите на младинските селекции на Франција и забележа 19 настапи за репрезентацијата до 21 година, но и покрај одличните игри на највисоко ниво во европски клупски фудбал, тој не играше за националниот тим иако неколкупати доби покани на неколку наврати.
Идејата Лапорт да игра за Шпанија се роди во пресрет на Светското првенство во Русија, кога на селекторската позиција беше Хулен Лопетеги. „Марка“ ги пренесува информациите од Шпанската фудбалска федерација дека Лапорт ги исполнува сите услови на ФИФА кои се неопходни за носење на дрес со шпанскиот национален грб.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Аталанта ремизираше и против Милан (ВИДЕО)
Прва лига
Борче Христов е новиот тренер на Тиквеш
Евро-фудбал
Ливерпул има стопроцентна доверба во Арне Слот













