Connect with us

Франческо Тоти се разведува од Илари Блази

Легендарниот Франко Тоти одлучи да се разведе од сопругата Илари Блази. Поранешниот фудбалер на Рома е 17 години во брак со Илари, а заедно се 20 години, но се чини дека на се му доаѓа крајот.


Страста меѓу нив веќе некое време ја нема, а на почетокот на февруари работите се влошија, па на крајот дојде до „спогодбен раскин на договорот“, кој, сепак, допрва треба да биде потврден.

Во меѓувреме, поранешниот репрезентативец на Италија има нова девојка, а италијанските медиуми уверуваат дека тоа е Ноеми Боки, 34-годишната русокоса која ја краси убавина и згодно тело, но има и барем една работа која на „Кралот на Рим“ не му се допаѓа. Нејзин поранешен сопруг е Марио Каучи, тренер на аматерскиот тим на Лацио.

Наводно, љубовта меѓу двајцата се родила пред неколку месеци. Ноеми е дипломирана економистка, но и таа е страстна по фудбалот, исто како и нејзиното ново момче.

Таа пред неколку недели гледаше натпревар на Рома со Франческо, а заљубената двојка неодамна беше видена и на вечера во ресторан во Торино. Тоти веќе ја напуштил куќата во која живееше со Илари.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови