
Германскиот интернационалец Флоријан Вирц и следната сезона ќе продолжи да настапува за Баер Леверкузен. Тој ќе го следи примерот на тренерот Чаби Алонсо.
„Тоа е 100% сигурно“, изјави извршниот директор на клубот, Фернандо Каро.
Тоа што Чаби Алонсо останува е дополнителен поттик“, изјави шефот на „аспирините“ во интервју за шпанското радио „Онда Серо“.
Вирц е под договор со Баер Леверкузен до јуни 2027 година, но за него се заинтересирани неколку врвни клубови.
Баер Леверкузен води во Бундес-лигата со 13 бода предност пред второпласираниот Баерн Минхен на седум кола до крајот на сезоната и е на прагот да ја освои првата титула во Германија.
„Тимот има многу добра сезона, благодарение на тренерот Алонсо. Подобро од ова не можеше да биде“, истакна Каро.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal
