Connect with us

Флорентино Перез одлучил: Карло Анчелоти останува на клупата на Реал Мадрид и следната сезона

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, е импресиониран од начинот на кој италијанскиот стратег Карло Анчелоти го подготвил тимот за натпреварот против ПСЖ. Легендарниот Италијанец го крена тимот од дното и успеа да го одведе до голема победа над ПСЖ (3-1) и пласман во четвртфиналето на Лигата на шампионите.


Очигледно оваа победа ќе го остави 62-годишниот стручњак на клупата на Реал Мадрид и следната сезона. „Марка“ наведува дека Перез веќе одлучил и дека Анчелоти останува во клубот.

До неодамна работата на Анчелоти беше доведена во прашање. Перез му замери за исклучително слабата игра на првиот меч во Париз и покрај тоа што Реал Мадрид е лидер на табелата во Ла Лига. Сепак, реваншот ги покри сите аномалии и сега повторно Флорентино Перез има огромна доверба во Италијанецот.

Ова е втор мандат на Анчелоти на клупата на „кралевите“. Тој минатото лето го замени Зинедин Зидан на клупата, а во клубот работеше од 2013 до 2015 година во првиот мандат. Со Реал во 2014 година ја освои Лигата на шампионите, УЕФА Суперкупот и Светското клупско првенство, како и Купот на Кралот. Сезонава го освои шпанскиот Суперкуп, а на добар пат е да го освои и трофејот во Ла Лига.

Славниот тренер зад себе има богата фудбалска кариера, но и тренерска кариера во која ги водеше Парма, Јувентус, Милан, Челси, ПСЖ, Баерн Минхен, Наполи и Евертон.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови