
Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, ја испочитува традицијата да ги пречекува новите засилувања со пофални зборови. Денеска тој го пречека Трент Александер-Арнолд, кој доаѓа од Ливерпул. Англискиот фудбалер ќе игра за „кралскиот клуб“ уште на Светското клупско првенство, каде што Шпанците се вклучуваат на 18 јуни.
„Драг Трент, добредојде во Реал Мадрид – започна Перез. – Кај нас доаѓа играч кој има освоено сè и е еден од најдобрите дефанзивци во светот. Во Ливерпул тој стана вистинска легенда и сака да ја продолжи својата историја во Мадрид. Во нашиот клуб пристигнува една од големите фигури на светскиот фудбал. Ти благодариме, Трент, што дојде во твојот нов дом. Од срце ти благодариме.“
„Сакам да ја изразам мојата благодарност, бидејќи знаеме колку е значајно за тебе да играш за Реал Мадрид – продолжи претседателот. – Никогаш нема да го заборавиме тоа. Доаѓаш од Ливерпул — клуб кој го почитуваме и со кој сме пријатели. Освои девет трофеи на ‘Енфилд’. Сега ќе разбереш што значи Реал Мадрид за милиони мадридисти. Силата на навивачите ја одржува оваа легенда жива.“
„Треба да бидеш горд на сè што имаш постигнато и со Ливерпул и со Англија. Во сите тие фази од животот покрај тебе беше твоето семејство – знаеме колку ти значат тие. Тие се тука за да те поддржат во еден од највозбудливите денови во твојот живот. Веќе си дел од Реал Мадрид. Ова е најсаканиот и најтрофејниот клуб во светот — клубот со 15 титули од Лигата на шампионите. Твојот талент и жртвување те доведоа до верба дека тука ќе постигнеш уште повеќе. Те очекува „Сантијаго Бернабеу“, каде што ќе доживееш незаборавни моменти. Неговата магија ќе те освои. Во Мадрид ќе најдеш големо семејство. Тука е и еден твој добар пријател — Џуд Белингам. Освен што се одлични фудбалери, сите тие се вистински мадридисти. Наскоро ќе разбереш што значи да си дел од Реал. Нашиот следен предизвик е Светското клупско првенство“, заврши Перез.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Наполи тргнува по потписот на Лоренцо Лука

Евро-фудбал
Севилја го избра Матијас Алмеида за нов тренер
