Од ФК Шкупи го одбија тестирањето на Ковид-19 обезбедено преку Синдикатот на фудбалери на Македонија, информирајќи дека не веруваат во тестовите од приватната болница „Аџибадем Систина“. Но, преку соопштение до јавноста, информираат дека, почитувајќи ги сите протоколи и безбедносни мерки пропишани од државните институции, ќе направат тестови во државните институции.
„Сакаме да ја информираме јавноста дека дел од нашите играчи веќе беа на тестирање и сите тие тестови се негативни. Како клуб ние не прифативме да се тестираме во Аџибадем Систина затоа што нивните тестови не се признаени од релевантните институции. Сега очекуваме официјална потврда за тестови во државните институции. Затоа ги отфрламе наводите дека ние одбиваме тестови. Но, само одбивме нерелевантни тестови“ – се вели во соопштението од Шкупи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ гостува кај омилената жртва













