
Податоците од сензорот поставен во топката потврдија дека португалскиот капитен Кристијано Роналдо не бил стрелец на првиот гол на натпреварот против Уругвај, објави денеска „ЕСПН“. Ова за американската телевизија го потврдија Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) и производителот на топки „Адидас“.
„Дефинитивно можеме да потврдиме дека немаше контакт со топката од страна на Кристијано Роналдо за водечкиот гол на натпреварот“, се вели во соопштението.
Фудбалерите на Португалија се пласираа во осминафиналето на Светското првенство, откако во второто коло од групата Х го победија Уругвај со 2-0.
Водечкиот гол на натпреварот го постигна Португалија во 54. минута, кога Бруно Фернандеш ја испрати топката кон голот, но во првиот момент се чинеше дека Роналдо ја удри топката во скок. Сепак, проверките покажаа дека Бруно Фернандеш е стрелецот. Тој го постигна и вториот гол од пенал, во завршницата од мечот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Македонија Ѓорче Петров
Македонија ЃП ја засили одбраната со Србинот Алекса Јовановиќ

Евро-фудбал
Арсенал се пофали со Нони Мадуеке

Евро-фудбал
Расмус Хојлунд пред трансфер во Милан
