Connect with us

ФИФА конечно дозволи Лапорт да се врати во Атлетик Билбао

Ејмерик Лапорт повторно е дома – дефанзивецот и официјално се врати во Атлетик Билбао, откако Ал-Наср не успеа навреме да ја достави целата потребна документација за неговата продажба во последните часови од летниот преоден рок. Случајот заврши на масата на ФИФА, а по десет дена чекање стигна и потврдата од светската куќа на фудбалот.

Со тоа, Атлетик Билбао конечно го претстави шпанскиот репрезентативец како ново, големо засилување за тековната сезона.

За потсетување, Лапорт ја започна професионалната кариера токму во Билбао, каде меѓу 2012 и 2018 година запиша 222 настапи. Потоа замина во Манчестер Сити, каде што освои бројни трофеи, за потоа накратко да се пресели во Ал-Наср. По несреќната епизода во Саудиска Арабија, желбата му беше јасна – враќање во европскиот фудбал. Атлетик ја искористи шансата и го врати на „Сан Мамеш“, со договор на три години.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови