
Светската фудбалска организација (ФИФА) даде предлог деновиве да се отвори нов преоден рок за да можат странските играчи да ги напуштат руските клубови. Наводно, сè започнало со писмото на Фудбалската федерација на Полска, кој и сугерирала на ФИФА дека стотици играчи во руската лига сакаат да ги напуштат своите клубови.
Поранешниот украински репрезентативец Јарослав Ракицки вчера го раскина договорот со Зенит, а тој е само еден од играчите кои го сторија тоа или сакаат да го сторат. Полскиот фудбалер Грегорж Криховјак го напушти Краснодар, а се верува дека нивниот пример ќе го следат и многу други.
Руските фудбалски клубови, но и репрезентацијата, се елиминирани од сите европски натпреварувања, па им останува само домашното првенство. Поради санкциите што западните земји ги воведоа кон Русија, многу клубови останаа без доволно приходи за да им исплатат плати на своите играчи.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Андре Онана е нов голман на Трабзонспор

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Млади репрезентации
Влатко Колев го објави списокот на фудбалери за Македонија У17 против Кипар

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
