ФИФА го одби барањето на украинскиот претседател Володимир Зеленски да испрати порака до гледачите за важноста на мирот во светот пред почетокот на финалето на Светското првенство в недела.
Неименуван извор изјави за „Си-Ен-Ен“ дека канцеларијата на Зеленски понудила украинскиот претседател да им се обрати на навивачите во Катар преку видео-врска, но дека предлогот бил одбиен. Засега не се знае дали пораката на Зеленски требало да се емитува во живо или порано да се снима.
„Мислевме дека ФИФА сака да ја искористи својата платформа за поголемо добро. Но, треба да се забележи дека разговорите меѓу Украина и управното тело на ФИФА се уште се во тек“, додаде изворот.
Ова малку необично барање не е изненадувачки во однос на украинската политика. Киев постојано се обидува да ги искористи големите светски настани, без разлика на нивната содржина, за да го привлече вниманието на војната во Украина.
Зеленски се појави преку видео врска во неколку различни ситуации; од самитот на Г20 до Греми и Канскиот филмски фестивал. Тој исто така разговараше со голем број новинари и познати личности, вклучувајќи ги и Шон Пен и Дејвид Летерман.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија
Евро-фудбал
Казахстан освои бод со Белгија (ВИДЕО)
Прва лига
Шкендија со пресврт го победи Шкупи
Евро-фудбал
Челси ја сака младата ѕвезда на Реал Мадрид
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Евро-фудбал
Казахстан освои бод со Белгија (ВИДЕО)













