Connect with us

ФФМ: Нема да има никаков компромис за насилство во фудбалот

Фудбалската федерација на Македонија се огласи со соопштение по големиот скандал во Штип и инцидентот на натпреварот од младинските категории меѓу Брегалница и Шкупи.

“Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) најостро го осудува инцидентот што се случи на натпреварот од младинските категории (генерации 2009/10) помеѓу екипите на Брегалница и Шкупи, кога група родители на гостинските фудбалери влегоа на теренот и физички нападнаа дел од домашните играчи.

Ваквото однесување е целосно неприфатливо и претставува грубо нарушување на спортскиот дух, фер играта и безбедноста на младите фудбалери.


Особено загрижува што едно од децата претрпе сериозни повреди, скршеници, како последица од нападот.

ФФМ најавува дека надлежните органи ќе поведат дисциплинска постапка и ќе преземат соодветни мерки за сторителите на инцидентот.


Ќе биде покрената дисциплинска постапка против ФК Шкупи и одговорните лица, со цел вакво недолично и опасно однесување никогаш повеќе да не се повтори.

Федерацијата уште еднаш потсетува дека секој чин на насилство на спортските терени е недозволив и строго ќе биде санкциониран.


Со насилство, од било кого и на било кое ниво, нема да има компромис.

Нашата заедничка обврска е да создадеме безбедна и позитивна средина за развој на најмладите генерации фудбалери”, се вели во соопштението на ФФМ.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови