
По изјавата на премиерот Зоран Заев во телевизиско интервју дека не му било овозможено да се сретне со фудбалските репрезентативци на Македонија во пресрет на настапот на Европското првенство реагираше ФФМ. Од Федерацијата велат дека строгиот протокол она УЕФА забранува организирање приеми за гости од државни институции. Од ФФМ потенцираат дека веќе во тимот има еден заразен играч со коронавирус и дека во интерес на националниот тим е да се заштити здравјето на фудбалерите.
Во продолжение целосната реакција на Фудбалската федерација на Македонија:
Фудбалската федерација на Македонија упатува искрена благодарност кон сите кои искажуваат честитки кон нашите репрезентативци пред историскиот настап на Европското првенство и имаат желба лично да им се обратат на фудбалерите со намера да им посакаат успех и добар резултат на натпрварите од Европскиот шампионат.
Но, истовремено, мораме одново да потенцираме дека согласно протоколите од УЕФА, како и јасните упатства кои ги имаме добиено, не сме во можност да организираме било каков прием за поединци или лица од државни институции од причина што одговорноста за заштита на фудбалските репрезентативци е огромна и мора да се почитува доследно затоа што последиците се големи.
Важноста за превенција поради строгите ограничувања за здравствена заштита и наметнатите протоколи од УЕФА кои ги диктираат условите за било каква активност која не е поврзана со програмата на репрезентацијата пред Европското првенство, а уште повеќе што во тимот веќе има потврдено позитивен случај на Ковид-19 ја потврдуваат лицата задолжени за здравствениот протокол во репрезентацијата, лекарскиот тим и д-р Невзат Јонузи, задолжен за спроведување на т.н. протокол на УЕФА за враќање во игра во услови на пандемија.
- Секое непочитување на мерките и правилата утврдени во протоколот на УЕФА може да доведе до дисциплински мерки во согласност со дисциплинските правила на УЕФА и да го загрозаат учеството на тимот во завршниот турнир. Самиот концепт на заштитен меур („team bubble“), има за цел да создаде заштитено и ограничено опкружување за играчите и техничкиот персонал во текот на нивниот престој во хотел и за време на патување во завршниот турнир.
Делегацијата на тимот мора да избегне каков било контакт со кое било лице надвор од нивниот ,,меур,, за да се минимизира ризикот од зараза до секој можен степен, истакнува д-р Невзат Јонузи, задолжен за спроведување на т.н. протокол на УЕФА за враќање во игра во услови на пандемија.
Се надеваме на целосно разбирање и дека заедно ќе придонесеме за поголема заштита на репрезентацијата пред заминување на Европското првенство.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар продолжи со одлични игри и во Струмица совладувајќи ја Брера со 0-2, со...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Женски фудбал
Фудбалерките до 16 години на развоен турнир во Албанија

Евро-фудбал
Баерн Минхен му понуди нов договор на Лирој Сане

Евро-фудбал
Арсенал ќе понуди 30 милиони евра за Арда Гулер

Евро-фудбал
Состави ЛШ: Барса и ПСЖ во тотална офанзива
