Connect with us

ФФМ ќе ги награди фудбалерите за убедливиот триумф против Ерменија

После одличната претстава и убедливата победа (0-5) над Ерменија, а во пресрет на решавачкиот дуел за второто место против Исланд, каде со евентуална победа ќе обезбедиме историски пласман во бараж за пласман на СП во Катар, претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини и членовите на УО донесоа одлука за исплата на парична награда за фудбалерите и стручниот штаб во А репрезентацијата на Македонија.


Репрезентативците и стручниот штаб веќе добија премија за добрите настапи на претходните три натпревари од мундијалските квалификации против Ерменија, Исланд и Романија, а со новата одлука за награда на фудбалерите се испраќа дополнителен мотив за победа в недела против Исланд во Скопје, со што би осигурале место во баражот за пласман на мундијалот.

“Управниот одбор и претседателот Сејдини го ценат успехот и на овој начин продолжуваат да даваат признание и да влијаат позитивно на понатамошната атмосферата во репрезентацијата. Овие резултати не се случајни, туку плод на повеќегодишна работа и стратегија. Среќни сме што на големите успеси со пласмани на Европско Првенство со репрезентацијата до 21 година и А репрезентација, сме блиску да додадеме и пласман во бараж за Светско првенство. Ова се многу значајни моменти за македонскиот фудбал, имаме нова шанса за историски резултат и се разбира дека ќе дадеме све од себе за да ја искористиме. Фудбалерите и стручниот штаб на секој следен натпревар ја потврдуваат својата големина и навистина ни е драго што федерацијата тоа го вреднува и на ваков начин, иако за оваа репрезентативна група тоа никогаш не било најважно. За нас е значајно што имаме шанса за прв пат да се пласираме на Светско првенство, а уште повеќе што македонската репрезентација ја обединува целата држава”, вели директорот на А репрезентацијата на Македонија, Дени Масев, за официјалниот сајт на ФФМ.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови