Фудбалската федерација на Македонија ќе донира и веќе е започната распределбата на вкупно 15.000 фудбалски топки (со ознака: FIFA QUALITY PRO “IMS – International Match Standard”) на клубовите од сите категории од натпреварувањата во рамки на ФФМ (1 МФЛ, 2 МФЛ, Трети лиги, младински конкуренции и Женска фудбалска лига), се вели во соопштение од федерацијата.
Две илјади фудбалски топки ќе се распределат за клубовите од 1 и 2 МФЛ, 11.700 илјади топки се наменети за клубовите од Трета лига, лигите организирани од Општинските фудбалски Сојузи, младински конкуренции и детски лиги, додека 1300 фудбалски топки ќе добијат клубовите кои се натпреваруваат во женските лиги.
Набавката на досега најголемиот број на фудбалски топки по сите стандарди на ФИФА произведени и со дизајн за ФФМ, Управниот одбор на Федерацијата ја најави кон крајот на минатата година, а во текот на следната седмица клубовите веќе ќе можат да ги користат за тренинзи и натпревари.
Со новата акција наменета за клубовите од МФЛ, Фудбалската федерација на Македонија уште еднаш ја потврдува важноста за поддршка на сите клубови во сите конкуренции од натпреварувањата организирани од ФФМ
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski