
Фудбалската федерација на Македонија и Државната Видеолотарија потпишаа договор за соработка кој е во времетраење од три години.
„Мене ми е драго што „Куќата на фудбалот“ добива нов партнер. Секогаш е убаво кога имате поддржувачи од нова страна. Благодараност од Државната Видеолотарија за пружената рака и се надевам дека ќе делиме успешни моменти. Вие покажавте колку за вас е важен спортот, со ова вие станувате дел од нашето фудбалско семејство“ – изјави Данчо Масев директорот на А репрезентација на Македонија.
„За нас ова претставува огромен предизвик, многу сме среќни што имаме шанса да бидеме дел од оваа убава спортска историја. Нашата компанија веќе шест години покажува дека дава поддршка на сите спортски лица, екипи кои постигнуваат значајни резултати. ФФМ се наоѓа пред исклучителен предизвик, ние три деценини го очекувавме ова и затоа сакаме на некој начин да дадеме поддршка“ – изјави Вики Чадиковска директорка на Маркетинг секторот во ВЛТ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski