
Фудбалската федерација на Македонија го осуди инцидентот што се случи во Штип каде на улиците низ градот се судрија навивачките групи „Фаланга“ и „Лозари“. Се случи жестока тепачка, а има и повредени.
„За жал, денеска бевме сведоци на инцидент кои го предизвикаа дел од навивачките групи на ФК Брегалница и ФК Тиквеш во пресрет на меѓусебниот дуел меѓу двете екипи на Градскиот стадион во Штип.
Сликите кои ги видовме, за жал, не се во согласност со пораките кои Фудбалската федерација на Македонија постојано ги праќа до сите чинители во нашиот спорт – НЕ за дискриминација, НЕ за национализам и говор на омраза, НЕ за насилство на стадионите и фудбалските терени.
Фудбалската федерација на Македонија остро го осудува ваквото однесување на поединци или помала група на навивачи, кои нанесуваат штета на своите клубови и фудбалот воопшто. Уште повеќе што се случува во време на здравствена криза и забрана за групирање. ФФМ ја поздравува брзата реакција на полицијата и ги повикува надлежните институции да го процесуираат целиот случај.
Фудбалската федерација на Македонија ги повикува сите поддржувачи и навивачи на тимовите од МФЛ, во ова време, пред се да ги почитуваат мерките и препораките на здравствените власти за заштита на здравјето, а пораката за навивање во духот на фер-плејот, почитта и толеранцијата кон противничките екипи и сите љубители на фудбалерот, како Фудбалска федерација на Македонија, секогаш ќе ја повторуваме и ќе се бориме за тоа со цел спречување на инциденти како денешниот“, се вели во реакцијата на ФФМ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Наполи ја засили одбраната со Сам Бојкема

Прва лига
Филип Купанов на голот на Башкими

Евро-фудбал
Гарначо ја одбил понудата од Ал-Наср

Евро-фудбал
Галатасарај сака да го доведе и Тер Штеген

Евро-фудбал
Њукасл го купи Еланга за 60 милиони евра
