На денешната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија беа донесени следните одлуки:
– УО на ФФМ донесе одлука за распределба на дополнителни средства од солидарната шема на УЕФА за клубовите од Прва МФЛ за натпреварувачката сезона 2024/25. Средствата во висина од 101.000 евра ќе бидат распределени подеднакво на девет клубови од Прва МФЛ.
ФК Воска Спорт, ФК Гостивар и ФК Беса, клубови кои го откажаа учеството во лигата, нема да бидат вклучени во распределбата на средствата од солидарната шема на УЕФА.
– УО на ФФМ донесе одлука за поставување на два мини фудбалски терени (40×20) во Могила и Босилово. Со новите терени, донација од ФИФА, децата и младите фудбалери во населените места ќе добијат можност да тренираат и играат во современи услови, како и нивните врсници во поголемите градови.
– УО на ФФМ донесе одлука за раскинување на договорите за изградба и реконструкција на трибините на стадионите во Кичево и Охрид. Одлуката е донесена поради сериозни неправилности и непочитување на договорните обврски од страна на изведувачите. Исто така, Управниот одбор на ФФМ донесе одлука за отпочнување постапка за избор на нов изведувач за изградба на трибината на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид и реконструкција на трибина на стадионот во Кичево.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Мареска: Делап повторно ќе паузира долго













