Турските великани Фенербахче и Галатасарај водат големи битки и надвор од теренот кога се трансферите во прашање, а најновиот дуел започна овој викенд за потписот на германскиот репрезентативец Илкај Гундоган.
Во претходните денови се појави информација дека турскиот шампион е заинтересиран за услугите на фудбалерот на Барселона, Илкај Гундоган. Новинар близок до овој тим објави дека се подготвува посебен лет овој викенд.
„Галатасарај испраќа личен авион за да го донесе Илкај Гундоган во Истанбул за викендот“, напиша Ферудун Нигделиоглу.
Сепак, засега нема никакви навестувања дека овој лет навистина ќе се случи, но сега од Турција пристигнуваат информации дека и Фенербахче тргнал по Гундоган.
Многу доверлива новинарка, Елис Бусе Арач, тврди дека челниците на клубот веќе направиле одредени повици.
„Потпретседателот на клубот Акун Илиџали веќе стапил во контакт со агентите на Илкај Гундоган. Тој побара мислење од овој фудбалер за евентуалното доаѓање во Турција“, напиша таа.
Арач е многу релевантен извор за случувањата во редовите на Фенербахче и нејзините наводи треба да се сфатат многу сериозно, па веројатно овој клуб е заинтересиран за услугите на искусниот играч за врска.
Гундоган зад себе има уште една многу добра сезона. Тој беше клучен играч за играта на Барселона, па затоа е чудно што Каталонците се подготвени да се ослободат од неговите услуги.
33-годишниот Германец одигра 51 натпревар за Барса, постигна пет гола и имаше дури 14 асистенции.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski