Connect with us

Фенербахче го назначи Доменико Тедеско за нов тренер

Фенербахче официјално го објави назначувањето на Доменико Тедеско за нов тренер. 39-годишниот стручњак, кој потпиша договор на две години, го наследува Жозе Мурињо, кој беше отпуштен по елиминацијата на турскиот гигант во плејофот од Лигата на шампионите.
Негов помошник ќе биде поранешниот капитен на тимот, Ѓокхан Ѓонул.

Со тоа, Тедеско се враќа во клупскиот фудбал, откако речиси две години беше селектор на Белгија, од каде што беше отпуштен во јануари.

Претходно, италијанскиот стратег стекна искуство во Германија, каде што работеше во академиите на Штутгарт и на Хофенхајм, а потоа беше на клупата на првите тимови на Ауе, Шалке 04 и Лајпциг. Единствениот негов ангажман надвор од Германија на клупско ниво беше во Русија, каде што го предводеше Спартак Москва.

По првите три кола од турското првенство, Фенербахче има освоено 7 бода со две победи и едно реми.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови