Connect with us

Европските гиганти во трка за „новиот Тони Крос“ кој игра во Херта и има само 16 години

Рубен Аморим планира да засили средината на теренот во Манчестер Јунајтед, а британските медиуми го истакнаа Кенет Ајхорн, 16-годишниот централен играч за врска на Херта Берлин, како еден од потенцијалните таленти кој клубот го има око, Него го нарекуваат „новиот Тони Крос“.

Младиот Германец, кој е член на младинската репрезентација на Германија, веќе има 10 настапи за првиот тим на Херта во Втората Бундеслига оваа сезона. Според британските извори, неговата откупна клаузула би можела да изнесува околу 10 милиони евра летово, доколку клубот од Берлин не успее да се врати во елитата.

Сепак, Манчестер Јунајтед ќе има тешка задача, бидејќи Ајхорн е следен од половина Европа: Баерн Минхен, Борусија Дортмунд, Баер Леверкузен, Лајпциг, Ајнтрахт Франкфурт, Барселона, Реал Мадрид и ПСЖ. Неговиот раст (1,86 м), контрола на топката, долгите нозе за одземање, како и прецизноста во кратки и долги додавања, го прават незаменлив дел од составот на Херта.

„Никој не би рекол дека има само 16 години. Се развива одлично, и физички, и во разбирањето на играта. Она што го прави е импресивно – голем талент за Херта“, истакна тренерот Стефан Лајтел.

Соиграчот Фабиан Резе додава:


„Неверојатно чудо. Ако продолжи вака, сите врати ќе му бидат отворени. Ретко се гледа таков талент на оваа возраст. Го чека блескава кариера.“

Дури и Феликс Крос, братот на Тони Крос, ги нагласи неговите квалитети.


„Неговиот стил е извонреден, носи спокојство во тимот. Ако сè оди како што треба, шесте милиони евра колку што вреди сега – можат да станат 60.“

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови