Connect with us

Европскиот првак со победа патува на ЕВРО 2024, триумф и за Грузија во Подгорица (ВИДЕО)

Актуелниот европски првак Италија со минимална победа од 1-0 против БиХ патува на ЕВРО 2024 во Германија каде ќе ја брани титулата. Давиде Фратези беше стрелец за „аѕурите“ на овој меч. Тој постигна погодок во 38.минута, на асистенција на Федерико Киеза.

Грузијците на своето прво ЕП исто така патуваат со победнички дух. Тие славеа со 1-3 на пријателскиот меч против Црна Гора во Подгорица. Овој дуел го судеше македонскиот судија Александар Ставрев.

Китеишвили, Микаутадзе и Зивзивадзе беа стрелци за Грузија, а Јоветиќ погоди за селекцијата на Црна Гора.

Словачка го победи Велс со убедливи 4-0.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови