Евертон преку соопштение потврди дека украински фудбалер Виталиј Миколенко има поддршка од сите клубот, но и дека клубот ја прекинал соработката со три руски спонзори.
„Сите во Евертон се шокирани и тажни поради страшните настани во Украина. Оваа трагична ситуација мора да заврши што е можно поскоро и да се избегне секоја понатамошна загуба на животи. Играчите, стручниот штаб и сите што работат во Евертон му даваат целосна поддршка на нашиот играч Виталиј Миколенко и неговото семејство. Клубот потврдува дека веднаш ги суспендира сите комерцијални спонзорски аранжмани со руските компании УСМ, Мегафон и Јота“, се вели во соопштението.
Сите три истакнати спонзори се во сопственост на рускиот милијардер Алишер Усманов, близок соработник на Владимир Путин. „USM Holdings“ има права на тренинг полигонот на Евертон од 2017 година, „Yota“ беше спонзор во последните две години, додека мобилниот телефонски оператор „МегаФон“ го спонзорираше
женскиот тим на Евертон.
Клубот тврди дека Усманов, чие богатство се проценува на 13 милијарди долари, нема акции од Евертон.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Казахстан освои бод со Белгија (ВИДЕО)
Прва лига
Шкендија со пресврт го победи Шкупи
Евро-фудбал
Челси ја сака младата ѕвезда на Реал Мадрид













