Галатасарај официјално го објави ангажманот на крилниот фудбалер на Баерн Минхен, Лирој Сане. 29-годишниот германски репрезентативец пристигнува како слободен играч и потпиша договор на три години со истанбулскиот гигант.
Сане не ја прифати финансиски намалената понуда на Баерн за нов договор и на крајот одлучи да се пресели во Галатасарај.
Според информациите, тој ќе заработува околу 15 милиони евра по сезона.
„Пред сè, неверојатно сум среќен. Не можам да го опишам чувството. Сега ги слушам навивачите и тоа е сосема поинакво чувство. На кратко, морам да кажам дека сум навистина среќен што сум тука.
Играв овде и претходно, и атмосферата беше неверојатна, навистина неверојатна. Очигледно имаше многу навивачи и беа многу гласни против мене. Сега сум среќен што ќе бидат зад мене и со нетрпение го очекувам мојот прв натпревар пред навивачите на Галатасарај. Пред сè, многу сум им благодарен. Навистина е важно што доаѓам токму сега, тоа многу ми значи. Среќен сум што ќе ги запознаам, што ќе бидам со нив. Ви благодарам многу“, изјави Сане за социјалните мрежи на Галатасарај.
Со ова, крилниот напаѓач го напушта Баерн, каде исто така пристигна како слободен агент во 2020 година, но тогаш од Манчестер Сити. За пет години одигра 220 натпревари, постигна 61 гол и забележа 55 асистенции. Веќе е сигурно дека Сане нема да настапува за баварскиот гигант на Светското клупско првенство.
Самиот фудбалер објави порака на социјалните мрежи за својот поранешен клуб.
„Драги навивачи на Баерн, по пет интензивни години во Минхен, решив да започнам ново поглавје во следната сезона. Неизмерно сум горд што го носев дресот на најдобриот и најголемиот клуб во Германија на повеќе од 200 натпревари и секогаш ќе се сеќавам на титулите што ги освоивме заедно.“
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ
Евро-фудбал
Ливерпул го купува Бастони за 100 милиони евра
Евро-фудбал
Роналдо: Ќе се пензионирам за година или две
Млади репрезентации
Трајков: Имаме потенцијал и верувам дека ќе освоиме нови бодови
Евро-фудбал
Конте: Не сакам да водам „мртов тим“
Евро-фудбал
Атлетико Мадрид има нови сопственици













