Connect with us

Еуфорија на Кипар – Давид Луиз потпиша за Пафос

Неочекуван трансфер одекнува од Кипар – поранешниот капитен на Челси и бразилската репрезентација, Давид Луиз, е нов член на актуелниот шампион Пафос.

Искусниот 38-годишен дефанзивец доаѓа од редовите на Форталеца, а претходно ги носеше дресовите на некои од најголемите европски клубови: Челси, Арсенал, ПСЖ, Бенфика… како и на бразилските гиганти Фламенго и Сао Паоло.

Луиз има 57 настапи за „Селесао“ и без сомнеж ќе внесе огромно искуство во тимот на Пафос, кој ова лето има големи амбиции – место во групната фаза на Лигата на шампионите.
Следен предизвик за кипарскиот клуб е силниот Динамо Киев во третото квалификациско коло.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови