Шкендија не успеа да слави победа на гостувањето во Ѓорче Петров, ремизираше без голови, а со тоа ја зголеми и бодовната негатива во однос на лидерот Вардар. По 12 одиграни кола, Шкендија заостанува огромни 12 бода. Ниту Ернест Ѓока не успеа да го подигне тимот на повисоко ниво, а јасно е дека ефикасноста е најголемата болка.
„Недостигот на голови е главниот проблем, тоа и не е така тешко да се констатира. Тимот едноставно нема фокус при реализацијата и тој проблем, како што сум информиран, се провлекува од стартот на сезоната. Се трудиме тоа да го промениме, но не оди така лесно, а бодовната разлика со водечките тимови се зголемува. Не очекува уште многу работа, мораме да бидеме многу поагресивни и што е најважно, да ги користиме шансите што ќе ги создадеме“ – изјави тренерот на Шкендија.
Актуелниот шампион се наоѓа на петтата позиција со 15 освоени бода по 12 кола од новата сезона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Прва лига
Силекс и Башкими одиграа без голови













