
Кристијан Ериксен му се врати на фудбалот по осуммесечно отсуство предизвикано од срцевиот удар за време на Европското првенство, а данскиот репрезентативец се опиша себеси како „среќен човек“. Тој влезе во второто полувреме на натпреварот на Брентфорд против Њукасл, во поразот на неговиот тим од 0-2.
„Ако го оставиме резултатот настрана, јас сум среќна личност денеска. Едноставно е неверојатно да се вратам по сето она што го поминав. Менаџерот Томас Френк не ми кажа многу, бидејќи и двајцата многу зборувавме во последните неколку недели. Само тој ми посака успех и ми рече да уживам во натпреварот“, изјави Ериксен.
Тој доби аплаузи на отворена сцена, а неговото враќање го поддржа неговото семејство.
„Сите мои роднини беа на стадионот. Моето семејство, моите родители, моите деца, свекрвата и дел од лекарите кои ми помогнаа да бидам на теренот денеска. Она низ што поминаа сите тие е потешко од она низ што поминав јас. Следниот чекор пред мене е да го вратам чувството за игра, да влезам во вистинска фудбалска форма. Сакам да му помогнам на Брентфорд да остане во Премиер – лигата”, потенцираше Данецот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Ливерпул го доведе и Хуго Екитике

Евро-фудбал
Јуве се премислува за трансферот на Џејдон Санчо

Втора лига
Турски инвеститор ја презеде Брегалница

Евро-фудбал
Караламбус: Голманот нѐ спаси од поубедлив пораз
