
Најдобриот млад играч на последното Светско првенство, Енцо Фернандез (21) се договорил за трансфер во Ливерпул, пишува аргентински „Diario La Capital“. Фернандез наводно се договорил да остане на позајмица во Бенфика уште половина сезона, а потоа да потпише за англискиот клуб.
Оваа зделка сѐ уште е на ниво на вербален договор, не е потпишано, но тоа би можело да се случи во јануарскиот преоден рок.
Фернандез има 21 година, но одигра голема улога во освојувањето на светскиот шампионат за Аргентина. Во пет од седум натпревари тој стартуваше од првата минута, постигнувајќи еден гол и една асистенција. Тој минатото лето пристигна во Бенфика од Ривер Плата и веднаш се наметна како еден од најдобрите играчи во португалскиот тим.
Ливерпул минатото лето од Бенфика го доведе уругвајскиот напаѓач Дарвин Нуњез за 80 милиони евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Роналдо блескаше за Португалија

Евро-фудбал
Дембеле поради повреда нема да игра два месеци?

Млади репрезентации
Македонија до 19 години вторпат ја победи Босна и Херцеговина

Пелистер
Пелистер го доведе Петар Петковски

Млади репрезентации
Избраниците на Горан Станиќ од Краков го почнуваат патот за ЕП 2027

Млади репрезентации
Македонија У21 убедливо поразена во Полска

Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед го продава Андре Онана
