Connect with us

Ендрик го надмина рекордот на легендарниот Раул Гонзалес

Напаѓачот на Реал Мадрид, Бразилецот Ендрик, на одличен начин ја започна својата кариера на „Сантијаго Бернабеу”. Тој го постигна својот втор гол за „кралскиот клуб“ и прв во Лигата на шампионите во натпреварот против Штутгарт (3-1). Со тоа, Бразилецот го запиша името во историјата на турнирот и стана најмладиот стрелец за Реал Мадрид во ова натпреварување, на 18 години и 58 дена.


Ендрик го подобри претходното достигнување на легендата Раул, кој постигна хет-трик против Ференцварош во далечната 1995 година.

Во исто време, Реал Мадрид ја продолжи својата одлична серија во турнирите на УЕФА. Победникот на Лигата на шампионите од минатата година сега има 15 последовни натпревари без пораз (11 победи и 4 нерешени средби).

Шпанскиот гигант го има добиено својот прв натпревар во ЛШ во 15 од последните 17 сезони. Покрај тоа, „кралскиот клуб“ нема загубено дома од 8 април 2023 година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови