
Астон Вила одигра импресивен натпревар против шампионот Манчестер Сити, победувајќи го тимот на Пеп Гвардиола со 1-0 во дуел од Премиер – лигата. Со овој успех, клубот од Бирмингем ги мина „граѓаните“ на табелата и сега е само на четири бода од врвот.
Сепак, менаџерот Унаи Емери не сака да зборува за титула.
„Има седум тима кои се поголеми кандидати за титулата од нас. Досега одигравме 15 натпревари, а следниот ќе ни биде против Арсенал викендов. Среќни сме што сме на третата позиција, но ќе биде тешко да го задржиме ова место. Можеби веруваме дека ќе го направиме тоа, но, генерално, не сме претенденти за титулата“, изјави менаџерот на Астон Вила.
За Емери тоа беше прв успех против Пеп Гвардиола во неговата тренерска кариера.
„Сакам да се подготвувам за натпревари против најсилните тренери и кога играш на највисоко ниво добиваш шанси. Да се победи Пеп за првпат е дел од процесот што го следам како тренер“, додаде менаџерот на Астон Вила.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Славчо Војнески нов тренер на саудискиот Ал-Оробах

Евро-фудбал
Пауло Дибала останува во Рома и во новата сезона

Евро-фудбал
Шешко е блиску до трансфер на “Олд Трафорд”
