Голгетерот на Лајпциг, Бењамин Шешко, ќе се пресели во Њукасл. 22-годишниот напаѓач одлучил да ја продолжи кариерата кај „чaвките“, наместо во Манчестер Јунајтед, кој беше друг главен фаворит за неговиот потпис, пренесува словенечкото издание „Дело“.
Шешко веќе ги усогласил личните услови со Њукасл. Трансферната сума ќе изнесува меѓу 70 и 80 милиони евра, но допрва треба да започнат преговорите помеѓу двата клуба.
Според различни извори, значајна улога во одлуката на Шешко одиграл Јирген Клоп. Поранешниот менаџер на Ливерпул моментално е глобален директор за фудбалски операции во Лајпциг, и токму тој му препорачал на напаѓачот да го избере Њукасл наместо Манчестер Јунајтед.
Бењамин Шешко минатата сезона постигна 13 гола во Бундес-лигата. Пред извесно време се поврзуваше и со можен трансфер во Арсенал, но „топчиите“ потоа се насочија кон Виктор Ѓокереш.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













