Ливерпул интензивно работи на ангажманот на Александер Исак од Њукасл, но клубот истовремено прави обиди да го доведе и Родриго од Реал Мадрид. Според бразилската редакција на „ЕСПН“, англискиот гигант веќе остварил контакти со претставници на напаѓачот на „кралскиот клуб“.
Родриго дал согласност да се пресели на „Енфилд“, откако ја прифатил неофицијалната понуда. 24-годишниот Бразилец не беше во првичните планови на Чаби Алонсо во првите неколку натпревари откако тој ја презеде клупата на Реал, што доведе до зголемен интерес и од Тотенхем, Арсенал, Челси и Баерн Минхен.
Сепак, се очекува Реал Мадрид да побара висока отштета за неговите услуги, најмалку 90 милиони евра.
Во изминатата сезона, Родриго одигра 54 натпревари во сите натпреварувања, постигна 14 голови и запиша 11 асистенции.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Вардар ремизираа, а Шкендија го победи Пелистер и се доближи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Шкендија заврши со европските обврски и сега целосно е посветена на македонскиот шампионат, а...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Артета: Ова е огромна победа за Арсенал













