Барселона продолжува да се соочува со финансиски предизвици во обидот да го регистрира Маркус Рашфорд за сезоната 2025/26 во Ла Лига. И покрај тоа што уште минатиот месец беше постигнат договор со Манчестер Јунајтед за едногодишна позајмица, Каталонците сè уште се обидуваат да ги затворат сите административни процедури пред стартот на првенството.
Англискиот репрезентативец веќе е дел од претсезонските подготовки и импресионираше со настапите на првите две пријателски средби. Барселона сака тој да биде достапен за дуелот против Мајорка на 16 август, но клучот за регистрација може да биде продажбата на 21-годишниот Марк Касадо.
Касадо беше важен дел од визијата на новиот тренер Ханси Флик, но повреда го извади од ритам, поради што неговата улога во тимот е намалена. Иако Германецот би сакал да го задржи, актуелната економска ситуација може да го принуди клубот на продажба – особено ако се појави понуда блиска до 30 милиони евра, колку што се проценува неговата вредност.
Во меѓувреме, Марк Бернал, кој се врати по повреда, го освои вниманието на Ханси Флик и може да ротира со Френки де Јонг во средината, што дополнително ја прави иднината на Касадо неизвесна.
Покрај тоа, Барса размислува и за регистрација на голманот Жоан Гарсија како замена за повредениот Тер Штеген. Со толку многу фактори на маса, изгледа дека токму трансферот на Касадо може да биде решавачки за тоа дали Рашфорд ќе го носи дресот на Барселона уште од првото коло.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија го доби дербито со Вардар и се врати комплетно во трката за шампионската...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лиридон Љатифи (Шкендија)
Шкендија дојде во Скопје и стави крај на неподеливоста на Вардар. Целиот тим на...
Автор makfudbal
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Интернационалци
Емотивно интервју: Стефан Ашковски за бегството од Иран (ВИДЕО)
Женски фудбал
Фудбалерките до 17 години поразени од Северна Ирска
Евро-фудбал
Клоп ќе биде тренер во Мадрид, ама не на Реал?!













