Њукасл сериозно тргна по потписот на словенечкиот напаѓач Бењамин Шешко и достави понуда до Лајпциг вредна 75 милиони евра плус, 5 милиони во бонуси – најголемата во историјата на клубот од „Сент Џејмс Парк“, јавуваат медиумите на Островот.
Доколку германскиот клуб ја прифати понудата, „чавките“ ќе го соборат досегашниот клупски трансфер-рекорд поставен при ангажманот на Александар Исак (70 милиони евра) во 2022 година.
Интересно е што токму Исак внимателно ги следи преговорите – затоа што евентуалното пристигнување на Шешко може да значи зелено светло за негов трансфер во Ливерпул. Според медиумите, шведскиот напаѓач е првата цел на „црвените“ како замена во офанзивната линија.
Словенечкото издание „Дело“ пренесува дека Шешко веќе го избрал Њукасл како следна дестинација, пред Манчестер Јунајтед. Но, според информации на „Атлетик“, конечната одлука сè уште не е донесена.
Менаџерот на Њукасл, Еди Хау, откри дека клубот добил официјална понуда од Ливерпул за Александар Исак – наводно 137,5 милиони евра (120 милиони фунти), но истата била одбиена. Очекувањата се дека „црвените“ наскоро ќе испратат нова, подобрена понуда од 160 милиони евра (140 милиони фунти).
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија го доби дербито со Вардар и се врати комплетно во трката за шампионската...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лиридон Љатифи (Шкендија)
Шкендија дојде во Скопје и стави крај на неподеливоста на Вардар. Целиот тим на...
Автор makfudbal
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Јетон Беќири
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Интернационалци
Емотивно интервју: Стефан Ашковски за бегството од Иран (ВИДЕО)
Женски фудбал
Фудбалерките до 17 години поразени од Северна Ирска
Евро-фудбал
Клоп ќе биде тренер во Мадрид, ама не на Реал?!













