
Фудбалската репрезентација на Македонија оствари супер важна победа (2-1) над Словенија, трета во квалификацискиот циклус за ЕП 2020. Со 11 бода сега сме уште поважен фактор во трката за втората позиција во групата и се надеваме сериозно на пласман на континенталниот собир и преку групата.
Елиф Елмас е македонскиот дијамант, беше двоен стрелец на овој натпревар. Во 50.минута донесе водство, а во 68.минута и по вторпат го матираше Јан Облак. Погодокот за Словенците беше од пенал, во судиското продолжение, а го постигна Јосип Иличиќ.
Адеми шутираше со глава во седмата минута, но Облак лесно одбрани. Веднаш возврати Петар Стојанович на спротивната страна, а во последен момент блокираше Кире Ристевски. Се обидоа со удари од далечина и Елмас и Николов, но Облак беше на висина на задачата.
Во финишот на првото полувреме Елиф Елмас постигна гол, но судијата Дани Десмонд Макели не го призна поради офсајд ситуација во која се најде Бобан Николов, пречејќи му на словенечкиот голман Јан Облак.
Сепак, на стартот на вториот дел – водство за Македонија. Пандев и Елмас одлично проиграа, младиот играч на Наполи со фантастичен финиш донесе предност. Иличиќ се обиде да донесе израмнување со шут од 20 метри, но Столе Димитриевски не дозволи.
И потоа нов блесок на Елмас. Адеми отвори противнапад, Елмас повторно излезе сам пред Облак и уште еднаш го совлада во 68.минута.
Несторовски можеше да постигне и трет гол, а до крајот Словенија намали на 2-1. Во судиското продолжение, Иличиќ од пенал го совлада Столе Димитриевски. Но, триумфот остана за Македонија и сега уште помотивирани репрезентативците ќе патуваат за Варшава, на мегдан со силната Полска.
МАКЕДОНИЈА – СЛОВЕНИЈА 2-1 (0-0)
Арена „Тодор Проески“ во Скопје. Гледачи: 16.500. Судија: Дани Десмонд Макели (Холандија). Стрелец: Елмас 50′, 68′ (Македонија), Иличиќ 90+3′ (Словенија). Ж. картони: Пандев, Муслиу, Ристовски (Македонија), Куртич (Словенија).
МАКЕДОНИЈА: Димитриевски, Ристовски (81′ Зајков), Муслиу, Ристевски, Алиоски Адеми, Спировски, Николов, Елмас, Пандев (65′ Тричковски), Несторовски.
СЛОВЕНИЈА: Облак, Стојанович, Струна, Мевља, Балковец, Крхин (48′ Попович), Куртич, Безјак (79′ Берич), Иличиќ, Вербич (65′ Зајц), Шпорар.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Пелистер
Пелистер го доведе Петар Петковски

Млади репрезентации
Македонија У21 убедливо поразена во Полска

Прва лига
Работнички се засили со Демир Имери

Млади репрезентации
Македонија У19 подобра од БиХ на првиот тест

Млади репрезентации
Започнува продажбата на билети за мечот Македонија – Италија (У21) во Битола

Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед го продава Андре Онана

Млади репрезентации
Избраниците на Горан Станиќ од Краков го почнуваат патот за ЕП 2027
