
Радувај се Македонијо. Фудбалската репрезентација на Македонија го совлада Исланд со 3-1 и испиша нова историја. Се пласиравме во баражот за Светското првенство во Катар. Соништата постојат за да се остваруваат, а Елиф Елмас, младата ѕвезда на Наполи, ги скрши Исланѓаните со два гола и го трасираше патот на Македонија.
Елмас во 65.минута постигна гол за водство од 2-1, откако Исканѓаните израмнија со голот на Торстеинсон во 54.минута. Елмас беше стрелец и на третиот погодок за нашиот национален тим во 87.минута и дефинитивно стави крај на надежите на Исланд дека може да ја расипе забавата во Скопје.
Алиоски во првиот дел со бомба откосо од левата страна ја начна мрежата на „рибарите“ во седмата минута. Во вториот дел, Исланд остана и со фудбалер помалку откако беше исклучен Јоханесон во 79.минута.
Македонија е второпласирана во групата со 18 освоени бода, веднаш зад неприкосновената Германија (27), а Романците останаа бод зад нас откако го совладаа Лихтенштајн со 0-2. Германците славеа на гости против Ерменија со 1-4.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Втора лига
Полициската истрага се шири и во Башкими?

Евро-фудбал
Јувентус го враќа Виктор Осимен во Серија А

Евро-фудбал
Интер ќе го откупи Залевски од Рома

Евро-фудбал
Роналдо пред разделба со Ал-Наср?

Втора лига
Полициската истрага се шири и во Башкими?
