
Македонија постигна гол на самиот почеток од второто полувреме, но радоста беше краткотрајна. Во 48. минута, Елиф Елмас со прецизен удар ја затресе мрежата на белгискиот голман Матс Селс, но судијата веднаш сигнализираше дека ќе се врши проверка на ситуацијата преку ВАР-системот.
Eljif Elmas | 🇲🇰 North Macedonia 1-1 Belgium 🇧🇪pic.twitter.com/jw4TmBrOs4
— Goals Xtra (@GoalsXtra) June 6, 2025
По долга анализа која траеше повеќе од три минути, беше донесена одлука голот да не се признае. Причината беше офсајд позиција на Бојан Илиевски, кој, иако не ја допре топката, се најде во линија на ударот на Елмас и, според проценката на ВАР-собата, го попречувал видното поле на Селс и влијаел на акцијата.
Ова беше голем удар за Македонија, која одлично го започна вториот дел и со тој погодок можеше да се врати во натпреварот. Сепак, резултатот остана 0-1 во корист на Белгија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го освои Кратово и покажа дека има намера да се бори...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Недим Хаџиќ (Башкими)
Башкими има четири победи во седум кола и уште на стартот од сезоната им...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Тотенхем сака да го откупи Палиња

Интернационалци
Аврамовски двоен стрелец во триумфот на Сиваспор (ВИДЕО)
