Шкендија им побегна на конкурентите на шест бода позитива по денешното 17.коло во Првата фудбалска лига. Лидерот славеше на гости кај Академија Пандев со 0-1, со голот на Дашмир Елези во 53.минута и ги искористи ремијата на Македонија ЃП и на Шкупи.
Македонија ЃП се спаси од пораз на скопското дерби против Вардар. „Црвено-црните“ имаа предност од 2-0 со головите на Мартин Мирчевски во 19.минута и на Матеј Цветановски во 52.минута, но потоа во мечот се вратија „лавовите“.
Во 57.минута, по грешката на голманот Илиќ, Калид Абдул Басит намали на 2-1, а десет минути подоцна искусниот Боби Божиновски успеа да го израмни резултатот и да донесе бод.
Струга Трим Лум во финишот дојде до триумф (2-1) против Работнички. Поведоа домаќините со голот на Флорент Османи кој погоди од работ на шеснаесетникот во шестата минута, а израмни Фахрудин Ѓурѓевиќ од пенал во 21.минута. Сепак, Абдулхади Јахја со удар со глава ја затресе мрежата на „романтичарите“ во 87.минута за три бода за стружани.
Борец ја прекина негативната низа и славеше со 2-0 против Силекс, со головите на Никола Прелчец од пенал во седмата минута и на Марјан Ристовски во 13.минута.
Пелистер го слави Михаил Талевски кој донесе радост за битолчани по долго, долго време. Тој погоди во 81.минута за триумф (1-0) над Беласица.
Вчера, Ренова и Шкупи ремизираа без голови.
Standings provided by SofaScore LiveScore
-
Кристијано Роналдо ги предводи „дедовците“ на СП, тука се и Модриќ, Џеко, Нојер…
Осум фудбалери постари од 40 години, меѓу кои и Кристијано Роналдо, ќе настапат на...
Автор makfudbal
-
Мбапе го брани епитетот најдобар стрелец на СП, Жист Фонтен и натаму е ненадминлив
Килијан Мбапе ќе го брани трофејот наменет за најдобар стрелец на Светското првенство. Досега...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Марсело Брозовиќ ќе го засили Бешикташ?
Евро-фудбал
Анчелоти откри кога ќе може да смета на Нејмар
Евро-фудбал
Србија доживеа дебакл против Мексико (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Оливер Гласнер ќе биде нов тренер на Милан













