
Барселона посакува победа против Реал Мадрид за барем малку да ги затскрие случувањата во клубот, жестоката пресметка меѓу фудбалерите и раководството, поточно претседателот Хозеп Мариа Бартомеу. Сите погледи повторно се насочени кон Лионел Меси, кој е главниот двигател на каталонскиот гигант во изминатите речиси две децении.
Меси е најефикасниот фудбалер во историјата на Ел Класико, има постигнато 26 гола на 42 натпревари против Реал Мадрид, но на последните пет нема ниеден погодок. Дали е време да го прекине постот?
На „кралската“ страна, погледите се насочени кон Карим Бензема. Тој има огромно искуство во дуелите против Барселона и е најдобар стрелец во сегашниот тим на Реал Мадрид. Во составот на Зинедин Зидан ќе се најде и капитенот Серхио Рамос кој беше повреден, го пропушти мечот против Шахтјор Доњецк во ЛШ и не тренираше речиси цела седмица.
Големиот спектакл почнува во 16 часот, на „Камп Ноу“…

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У21 загуби од Црна Гора
