
Реал Мадрид на најдобар начин ја прекина црната серија и ја нокаутира Барселона во „Ел Класико“ славејќи со 1-3. Тимот на Зинедин Зидан со импресивен настап одговори на критиките за претходните два порази, од Кадиз и од Шахтјор Доњецк, и го освои „Камп Ноу“. Валверде најави триумф, Фати веднаш возврати, но Рамос и Модриќ го декласираа составот на Роналд Куман. Лионел Меси повторно не постигна гол, а каталонскиот тим го доживеа вториот пораз во Ла Лига.
Реал Мадрид со овој триумф се искачи на врвот на табелата со 13 бода.
Мегадербито почна на спектакуларен начин. Федерико Валверде уште во петтата минута ја погоди мрежата на Барселона. Доби одлична топка од Бензема, влезе во шеснаесетникот и откосо од десната страна шутираше прецизно во спротивниот горен агол.
Но, водството на Реал Мадрид траеше само три минути. Добра акција на Барселона, а Ансу Фати реализираше хируршки прецизно.
Ви вториот дел, Барселона ја имаше доминацијата, но „кралевите“ имаа многу поубави шанси. Во 63.минута беше досуден пенал за Реал Мадрид, а успешен пеналџија беше капитенот Серхио Рамос.
Во завршницата, уште една фантастична шанса имаше Рамос, но неговиот волеј-удар го одбрани Нето. Претходно тој го спречи и ударот на Тони Крос, но затоа не можеше ништо по дриблингот на Лука Модриќ и погодокот што Хрватот го постигна во 90.минута, за конечен триумф од 1-3.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У21 загуби од Црна Гора
