
Веќе подолго време се дискутира дали Израел ќе биде исфрлен од сите фудбалски натпреварувања, а сега став дадоа и експерти на Обединетите Нации.
Тројца специјални известувачи на ОН, заедно со членови на Работната група за бизнис и човекови права, побараа од ФИФА и УЕФА да го суспендираат Израел поради војната во Газа. Во соопштението тие нагласија дека спортските организации „не смеат да ги игнорираат тешките прекршувања на меѓународното право и човековите права“.
Според нив, исклучувањето на израелските национални селекции би било оправдан одговор на државни постапки со сериозни хуманитарни последици. Сепак, јасно истакнуваат дека индивидуалните спортисти не треба да бидат казнети или дискриминирани поради државјанство.
Апелот на ОН следи по јавните изјави на познати личности. Поранешниот француски фудбалер Ерик Кантона на собир во Лондон побара суспензија на Израел, а шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека земјата треба да биде исклучена од спортот „сè додека трае варварството во Газа“.
УЕФА засега не го коментира случајот, а ФИФА нема официјален одговор. Под притисок на Катар се разгледувала итна суспензија, но дипломатска интервенција на САД привремено ја одложила мерката.
Израелските клубови и натаму ќе настапуваат во европските натпреварувања – Макаби Тел Авив веќе во четврток го игра дуелот со ПАОК во Лигата на Европа. Сепак, иднината на Израел во УЕФА и во Лигата на нациите останува неизвесна и директно зависи од развојот на политичката ситуација.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У-15 славеше победа против Косово во Приштина

Млади репрезентации
Македонија У-15 славеше победа против Косово во Приштина

Втора лига
Филип Мирчески е нов тренер на Победа
