 
																												
														
														
													Едерсон (31) веќе неколку сезони е прв голман на Манчестер Сити, но во последно време се појавија шпекулации дека Пеп Гвардиола размислува за промена на таа позиција. Според медиумите, бразилскиот репрезентативец ја загубил довербата на својот тренер по нешто послаба сезона, и на индивидуално ниво и во рамки на целиот тим.
Гвардиола веќе разговара со раководството на клубот за евентуално ангажирање на помлад голман, но пред да се направи конкретен чекор, Сити сака да ја расчисти ситуацијата со Едерсон. Неколку клубови од Саудиска Арабија покажале интерес за негов ангажман, но тој повеќе би сакал да остане во европскиот фудбал.
Засега, Галатасарај е единствениот европски клуб кој покажал сериозна намера да го донесе, и подготвеност да ги исполни неговите финансиски барања. Турскиот шампион сака да се засили на голманската позиција, а Едерсон е прва цел. Клубот е подготвен да направи сè што е потребно за да го доведе во Истанбул.
Галатасарај веќе стапил во контакт со Манчестер Сити и започнал преговори за можен трансфер. Најважното е што и самиот Едерсон изразил интерес да се пресели во турскиот клуб, но притоа јасно ставил до знаење дека договорот мора да ги исполни неговите барања околу платата.
Преговорите меѓу двата клуба се веќе започнати, иако досега премин на Едерсон во турската лига не бил сериозно разгледуван.
Едерсон пристигна во Манчестер Сити во 2017 година од Бенфика, а претходно бранеше и за Рио Аве. Со „граѓаните“ има освоено буквално сè: шест титули во Премиер – лигата, Лига на шампиони и други домашни трофеи.
 
												
																					- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГАВардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со... Автор makfudbal
- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст... Автор makfudbal
 
																					Евро-фудбал
Марк Гехи е пред трансфер во Реал Мадрид
 
																					Евро-фудбал
Јувентус го претстави Спалети како нов тренер
 
																					Евро-фудбал
Баерн немаше проблеми во Купот на Германија
 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							













 
														 
														 
														