Connect with us

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња сега е пејач

После фудбалот, глумата и сликањето, Ерик Кантона, поранешната ѕвезда на Манчестер Јунајтед, замина на концертна турнеја, одржувајќи го својот прв концерт во Лион. За својот прв концерт во Франција по Англија и Ирска, синоќа во Лион, фудбалската легенда пееше на англиски и на француски, дваесетина свои композиции со рок и меланхоличен акцент.


Во малиот театар „Comédie Odéon“, Ерик Кантона, во црвени спортски чевли и панталони, долго црно палто и мала капа, настапи пред воодушевената публика. По налетот во музичкиот свет со други уметници, Кантона, на 57-годишна возраст, сега се претставува соло, со само двајца музичари, пијанист и виолончелист, кои го придружуваат неговиот лут глас.


„Ова го правам за сцената и за публиката. Ми причинува задоволство. На сцената станувам некој друг“, изјави поранешниот француски репрезентативец.


Неговата турнеја „Кантона го пее Ерик“ започна на крајот на октомври во Манчестер, градот што го круниса за крал на фудбалот помеѓу 1992 и 1997 година, а наскоро ќе го однесе во Женева, Марсеј и Париз, пред втората турнеја планирана за пролет 2024 година. Четири песни се достапни на социјалните платформи, а на крајот од двете турнеи треба да биде објавен албум во живо од дваесетина песни.


Музиката не е непозната област за Ерик Кантона, кој откако го напушти теренот, пред сѐ се истакна на филмските екрани, особено во „Барајќи го Ерик“ на британскиот режисер Кен Лоуч.


Во Франција неговиот глас веќе се слушна во групата Дионисос, во песните на Бернард Лавилиерс или Рашида Тахе.


Фудбалскиот гениј ги наведува и Леонард Коен, Ник Кејв и Том Вејтс како референци.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови