Connect with us

Еден Азар планира да остане на „Бернабеу“ до крајот на договорот

Белгискиот интернационалец Еден Азар се опорави од операцијата на скочниот зглоб и изјави дека има намера до крај да го исполни договорот со Реал Мадрид, кој истекува во 2024 година.


„Моите први три сезони со тимот не поминаа добро, но сакам да им покажам на сите што можам да направам. Отсекогаш ми било сон да играм за Реал Мадрид и сè уште го сакам само тоа“, изјави 31-годишниот офанзивец.

“Се надевам дека никогаш повеќе нема да се повредам. Сакам да дадам се од себе за тимот и да ги променам работите што ми се случија. Сакам да играм фудбал овде и да освојувам титули, да бидам важен за тимот”, изјави Азар.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови