
Најголемата трансфер-сапуница на летото во српскиот фудбал доби свој крај. По речиси два месеца преговори, Црвена Звезда дефинитивно се откажа од доведувањето на Душан Тадиќ, поранешен капитен на српската репрезентација и поранешен член на Фенербахче. Иако навивачите се надеваа дека тој ќе потпише двегодишен договор, трансферот сепак нема да се случи.
Според српските медиуми, клучниот состанок се одржал во понеделник вечер меѓу Звездан Терзиќ, Митар Мркела и Марко Марин, на кој била донесена конечна одлука да се прекине натамошното чекање на одговорот од Тадиќ. Од клубот истакнуваат дека причините не се финансиски.
Раководството на Црвена Звезда очекувало Тадиќ да се изјасни уште пред една недела, најдоцна за време на викендот, за да може да биде регистриран за третото квалификациско коло во европските натпреварувања, каде српскиот шампион игра еден од најважните натпревари ова лето. Бидејќи тоа не се случи, Тадиќ веќе не може да биде пријавен за претстојните европски средби.
Неговиот трансфер требаше да биде врвот на летниот пазар, по пристигнувањето на Марко Арнаутовиќ. Сепак, спортскиот сектор на Црвена Звезда решил дека во оваа фаза од сезоната неговото доаѓање не би било фер кон остатокот од екипата, особено ако клубот се пласира во групната фаза од Лигата на шампионите или Лига Европа.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум граби напред, Башкими успеа да го сопре Вардар, а Шкендија ја...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Христијан Малески (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум е во фантастична низа од седум победи во осум натпревари и...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Левандовски следното лето доаѓа во Милан?

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
